ВМРО-ДПМНЕ: По изборите бројките покажуваат дека доаѓа крајот на криминалот, корупцијата и непотизмот
После 5-ти мај во Македонија има нова политичка реалноста, a падот на криминалната и одродена власт е започнат и неизбежен процес.
Уште еднаш се покажа дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија со најголема доверба кај народот.
На 5-ти мај аболицираниот Зоран Заев доби врел шамар од граѓаните, кои јасно го изразија својот став дека се за промени и за ставање крај на криминалното владеење на СДСМ.
Граѓаните покажаа дека им е доста од неостварените ветувања, неисполнети очекувања, криминално владеење во кое буџетската сметка единствено се користи за богатење на партиски функционери на СДСМ и нивните роднини.
На граѓаните им е доста и гласаа против, криминалот, корупцијата и непотизмот на Зоран Заев и СДСМ, гласаа против криминалните тендери и грантови, ароганицијата на власта и пеколот кој го го донесе СДСМ, а кој беше најавен како живот.
Покрај сите закани, притисоци и уцени, граѓаните се одважија и излегоа да стават крај на погубните политики на Зоран Заев. Поддршката за политиките на ВМРО-ДПМНЕ и покрај сите закани, притисоци и уцени порасна од првиот до вториот круг за 60 илјади гласови.
Сите оние кои излегоа во време на неправда се херои кои покажаа дека Македонија им е најважна. Заслужуваат почит и сите оние кои не гласаа за ВМРО ДПМНЕ, како и граѓаните кои решија да останат дома, со уверување дека времето ќе покаже дека ВМРО-ДПМНЕ е вистинскиот избор.
Бројките покажуваат дека доаѓа крајот на криминалот, корупцијата и непотизмот. Граѓаните бараат и очекуваат право и правдина.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Ембер и Зверев во финалето на Мастерсот во Париз
-
Мото ГП: Бањаја ја освои ГН на Малезија
-
Протест пред зградата на Владата во Белград: Активистите бараат оставка од министерот Весиќ
-
Израелската армија издаде наредба за евакуација на Балбек
-
Почна доделувањето ваучери за инвертер клима-уреди од повикот објавен во февруари годинава
-
Тешко повреден возач на трактор - изгубил контрола над возилото
-
Извештај на ЕК : Низок оперативен и административен капацитет за сите видови транспорт
-
Израел проценува дека 51 заложник држени во Газа се живи