МОСТ: Гласањето во мирна атмосфера, забележани две изолирани неправилности

Две изолирани неправилности се регистрирани во досегашното гласање за вториот круг од Претседателските избори од страна на набудувачите на граѓанската асоцијација МОСТ чии податоци покажуваат одѕив на гласачите од 21,3 проценти до 13 часот.
-На гласачко место (ГМ) 2248/1 во Штип, забележано е читање на глас на избирачите, а пред ГМ 0934 во Кратово забележано било присуство на неовластено лице, по што била повикана полиција која го отстранила лицето од пред гласачкото место, информира на прес-конференција Златко Димитријоски од МОСТ.
Според податоците добиени од ПВТ програмата (паралелно сумирање на гласовите), која претставува математичко-статистички научен метод, одѕивот на гласачите до 11 часот е 11,2 проценти, до 12 часот е 16,2 проценти, а до 13 часот е 21,3 проценти.
Граѓанската асоцијација МОСТ го следи гласањето со повеќе од 1.500 набљудувачи. На 1.160 гласачки места, избрани според случаен и репрезентативен примерок, распоредени се исто толку набљудувачи, со што се покриени 33 отсто од вкупниот број гласачки места во Република Северна Македонија.
Набљудувачите на МОСТ се статични, и според најавите ќе го следат процесот на гласање во текот на целиот ден. Покрај тоа, МОСТ има распоредено и 100 мобилни тимови, составени од по двајца набљудувачи, кои ќе служат за логистичка поддршка на статичните набљудувачи и повремено ќе ги набљудуваат местата на кои МОСТ нема распоредено статични набљудувачи. Дополнително, 80 набљудувачи ја набљудуваат работата на општинските изборни комисии, а се набљудува и работата на Државната изборна комисија.
Следната прес-конференција на МОСТ ќе се одржи во 17 часот.
Ново на Сител
-

Двајца загинати во голем пожар на грчкиот остров Саламина
-

Кристијано Роналдо ја игра последната сезона
-

„Вардарис“: Притвор за осомничен за транспорт на 324 кг марихуана
-

Папата повикува на прекин на насилството врз Палестинците на Западниот Брег
-

Пожар на селото Вржале, за утре планирана воздушна интервенција
-

Активни пет пожари, три под контрола, регистрирани вкупно 14 пожари
-

Израелски министер се залага за убивање десетици Палестинци дневно: Тие луѓе не се достојни за живот
-

Приведени четири лица за нарушување на јавен ред и мир во Кочани
