Фудбал
17. November 2015 - 11:57

Ќе заигра ли Џовинко во Барса?!

Менаџерот на италијанскиот фудбалер, Себастијан Џовинко, рекол дека Барселона покажува интерес за услугите на неговиот клиент.
 
Андреа Д’Амико за „Marca“ изјавил дека првиот контакт помеѓу двете страни бил остварен, додека италијанските медиуми наведуваат дека голема улога во разговорите има спортскиот директор на Барселона, Италијанецот Ариједо Брајда.
 
Џовинко во февруари годинава го раскина договорот со Јувентус и кариерата ја продолжи во Торонто. За канадскиот тим има постигнато 24 голови на 34 натпревари.