Маратонци од 58 земји ќе трчаат на Скопскиот маратон
Неколку илјади маратонци, полумаратонци и рекреативци утре ќе истрчаат на градските улици и ќе учествуваат во 15. Виз Ер Скопски маратон, најмасовната и најатрактивната спортска манифестација во земјава. Деталите поврзани со годинешната трка на денешната прес-конференција ги соопштија градоначалникот Петре Шилегов, директорот на Виз Ер Скопски маратон, Кире Синадиновски и атлетичарите Адријана Поп Арсова и Александар Кираџиев.
- Градот Скопје, заедно со Канцеларијата на Европската унија, Агенцијата за спорт и млади и Сојузот на спортови на Скопје во соработка со Атлетската федерација, атлетските клубови и огромниот број волонтери, успеа да направи меѓународно афирмиран настан на кој секоја година се пријавуваат се повеќе професионалци, рекреативци, ученици од основните и од средните училишта, пријатели на спортот и на позитивната енергија. Виз Ер Скопски маратон прерасна во еден од најпознатите маратони на Балканот. За угледот и за реномето на маратонот говори и податокот дека тој е важен и за исполнување на норми за учество на сите најзначајни европски и светски шампионати, како и за Олимписките игри. Ме радува што оваа година се пријавени рекордни 12.500 учесници од 58 земји во светот. Во трките ќе учествуваат и 60-тина вработени во градската администрација – рече Шилегов.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи