Деркоски: Верувам дека в недела ќе биде избран претседател на државата

Верувам дека в недела ќе биде избран претседател на државата, ќе биде исполнет потребниот цензус и дека ќе имаме чисти избори како предуслов за многу други работи кон кои се стреми нашата држава, истакна претседателот на Државната изборна комисија Оливер Деркоски.
На прес конференција што се одржа во печатницата „Киро Дандаро“ во Битола, претседателот на ДИК посочи дека очекува изборниот ден да биде ист и чист демократски, така како што тоа беше на 21 април во првиот изборен круг.

-Го подигнавме гласачкиот материјал и го дистрибуираме до секоја Општинска изборна комисија-ОИК. Материјалот е навреме изработен и во текот на денот 12 тимови на ДИК ќе го дистрибуираат гласачкиот материјал. Изборната кампања во пресрет на вториот круг мина во мирна атмосфера, без посериозни нарушувања на процесот, кандидатите се држеа до своите агенди, а за нас е важно в недела да имаме чист, фер и коректен изборен ден во кој ќе го потврдиме тоа што се случуваше на првиот изборен ден, а тоа значи, граѓаните да излезат и на демократски начин да покажат дека може да се реализираат чисти избори што ќе значат предуслов за многу други работи кон кои што се стреми нашата држава. Јас верувам дека в недела ќе биде избран претседател на државата, истакна Деркоски.
На Единствениот избирачки список кој е заклучен на 29 март регистрирани се 1.808.131 гласачи , а за да се оствари потребниот цензус, на гласање треба да излезат 723.253 гласачи, информираа од ДИК на прес конференцијата во Битола.
Ново на Сител
-

Тошковски: Човечкиот живот нема цена – МВР и Фондацијата „Фросина Кулакова“ заеднички ќе работат на поголема безбедност во сообраќајот
-

Идната недела ќе се знае кога ќе биде спроведена тендерската постапка за монтажните гаражи во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“
-

Гаши: Односите со Ватикан се беспрекорни, клучни столбови на кои се темелат се Кирил и Методиј, како и Мајка Тереза
-

Министерство за транспорт: Поништена јавната набавка на електрични автобуси и електрични полначи
-

Ѓорѓиевски најавува трансформација на Скопје, експертите укажуваат - да се реафирмира културата на градот
-

Уапсен велешанец, пијан оштетувал паркирани автомобили
-

Избегната трагедија во Драчево: Зрно од огнено оружје погодило малолетник во училишен двор
-

Палау ја забрани употребата на креми за сончање со воведување такса од 100 долари по нејзина употреба
