Одбележување на Националниот комеморативен ден на холокаустот
Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија и Еврејската заедница денеска ќе го одбележат Јом Ашоа – Национален комеморативен ден на холокаустот и херојството на државата Израел, што се одбележува во сеќавање на востанието на Евреите во Варшавското гето во 1943 година и комеморативен ден на шест милиони Евреи убиени во холокаустот.
Комеморацијата ќе се одбележи во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите во некогашното еврејско маало во Скопје. Ќе биде положено цвеќе пред Споменикот на депортираните Евреи, плато пред Меморијалниот центар на холокаустот, по што ќе се обрати претседателот на Еврејската заедница, Берта Романо-Николиќ, а ќе бидат запалени и шест меморијални свеќи.
Во рамки на одбележувањето ќе биде отворена изложбата „Холокаустот низ призмата на детските очи“.
Ново на Сител
-
Во Неготино поставени телескопи преку кои се набљудува затемнувањето на Месечината
-
Сообраќајка на патот Штип - Плачковица, сообраќајот во прекин
-
Лихтенштајн совладан убедливо со 5:0 за враќање на прво место во групата
-
Трамп подготвен за нови санкции против Русија
-
Приведен 18-годишен скопјанец кој се заканувал со пиштол пред угостителски објект
-
Пожарот над скопски Раштак ставен под контрола, нема опасност по објектите
-
Пронајдена дрога во дом на скопјанец, овозможил и друго лице да користи кокаин
-
Кај малолетник од Скопје пронајдени пиштол и куршуми