Непознати лица упаднаа на пистата на аеродромот во Сараево
Непознати лица утрово, без безбедносна проверка, упаднаа на пистата на Меѓународниот аеродром во Сараево, упатувајќи се кон авион на авиокомпанијата „Аустриан“ што се подготвувал за полетување.
На упадот веднаш реагирале припадници на Граничната полиција на Босна и Херцеговина, кои ги уапсиле натрапниците.
Во време на инцидентот, патниците веќе биле качени во авионот на „Аустриан“ за лет од Сараево до Виена, но потоа тие биле вратени во аеродромската зграда, а леталото било испратено на детална проверка.
Портпаролката на аеродромот, Сања Багариќ во изјава ФЕНА само кусо одговори дека во тек е истрага за случајот.
– Се што можам да кажам сега е дека истрагата е во тек. На терен е излезен обвинител од надлежното државно обвинителство во соработка со Граничната полиција на БиХ и сите останати надлежни аеродромски служби. Повеќе информации ќе бидат познати во текот на денот, истакна Багариќ.
Ново на Сител
-
ФК Силекс со бесплатен превоз за домашниот натпревар со ФК Дечиќ
-
Маж од Скопје со 1.34 промили алкохол во крвта возел туѓ автомобил во спротивна насока, предизвикал сообраќајка
-
Трамп го свикува Национален совет за безбедност заради Иран
-
Победнички старт на Ивановски на челинџерот во Франција
-
Владата ја усвои новата Стратегија за конфискација на незаконски стекнат имот
-
Разговор Муцунски-Калас за евроинтеграцијата, регионалното поврзување и состојбата на Блискиот Исток
-
Почина Владимир Лапе, еден од доајените на македонското новинарство
-
Жител на Криволак предизвикал пожар палејќи стари предмети на нива