ОЈО Куманово: Возачот што ги прегази полицајците бил под дејство на алкохол

Надлежен јавен обвинител заедно со увидна екипа од Министерството за внатрешни работи изврши увид на местото каде синоќа се случи тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби едно лице, а неколкумина се повредени.
Сообраќајката се случила ноќеска, 45 минути по полноќ, на регионалниот пат Куманово-Свети Николе во близина на крстосницата со населба Ајдучка Чешма.
-Патничко моторно возило управувано од осомничениот, жител на Куманово кој бил видно под дејство на алкохол, удрило во двајца полициски службеници. Од тежината на повредите на лице место еден од полициските службеници починал. Возачот потоа продолжувајќи со управувањето со возилото удрил во друго патничко моторно возило во кое биле три лица и на сите им нанел телесни повреди. Возилото продолжило со движење, но од брзината и ударите се превртело, при што и возачот се здобил со телесни повреди. Сите повредени лица се згрижени во медицинска установа и им се укажува помош, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.
Надлежен јавен обвинител донел наредба за вршење обдукција на телото на починатиот. Донесена е и наредба за прибирање траги од лице место, фотографирање и скицирање, како и натамошно вештачење со кое ќе бидат утврдени фактите во предметот.
Ново на Сител
-

Одложени судски рочишта против Мерко и за родилката од Дебар, парична казна за адвокатот на првообвинетите
-

Сиљановска-Давкова: ЕУ немаше јасна стратегија за Балканот, доцнеше зад САД, а и денес преферира двојни стандарди
-

Сузбиена криминална група инволвирана во вршење на кривично дело криумчарење мигранти
-

Јаневска: Студентите овој месец ќе ги добијат средствата за студентски оброк
-

Трет ден расправа за Предлог-буџетот за 2026 година
-

Поскапуваат бензините и дизелот
-

Од 24.000 на 34.000 денари поскапува полагањето за возачка дозвола од Б категорија
-

Кремљ се надева на уште една средба Путин - Трамп
