Француската полиција со сина боја ги бележи учесниците на протестите на „жолтите елеци“

Француската полиција за време на денешните протести на „жолтите елеци“ користеше сина течност од водените топови, најверојатно за да ги обележи демонстрантите, јави дописникот на МИА.
Водата од водените топови на Плоштадот на Републиката, каде протестите беа најтензични, беше светло сина, што може да се види на неколку фотографии објавени на Твитер.
Оваа течност најверојатно има улога на „маркер”, нешто што веќе го најави францускиот премиер Едуард Филип кон средината на март.
Филип тогаш соопшти дека полицијата ќе го користи средства за „обележување” на учесниците на демонстрациите, по насилството и грабежите на 18-тите саботни протести на „жолтите елеци”.

Тој најави користење „обоени и видливи маркери”, што може да се задржат неколку недели. Овие два типа на течности имаат за цел да означат некого за време на прекршок, за потоа да се олесни неговото апсење.
Полицијата соопшти дека претресла околу 10.000 лица, кои од другите делови на Франција се упатиле на протести во Париз.

Поголем протест се одржа и пред зградата на француското Министерство за финансии, од кој беше побарано намалување на даноците за работниците и пензионерите и зголемување на даноците за богатите.
Неколку илјади „жолтите елеци“ од пред Министерството се упатија кон Плоштадот на Републиката, при што дел од нив запалија неколку контејнери и насобрани гранки, поради што интервенираше полицијата и употреби солзавец и „обоените“ водени топови за нивно разбивање.
Друга група „жолти елеци“ се собраа близу катедралата Нотр Дам, која беше сериозно оштетена во голем пожар меѓу понеделникот и вторникот, а трета група од околу 200 лица се обидоа насилно да влезат во Елисејската палата, при што беа спречени од полицијата.

Дел од учесниците на протестите носеа плакати со натпис „Сите ни сме катедрали“, оценувајќи дека за време на петмесечните протести „жолтите елеци“ не предизвикале толкаво сочувство меѓу француската елита, како опожарената Богородична црква.
Еден од лидерите на „жолтите елеци“, Пјер Дерие вчера на Фејсбук објави дека движењето „изразува негодување затоа што за четири дена е собрана милијарда за камења (алудирајќи на Нотр Дам), а за сиромаштијата ништо“.
Француското Министерство за внатрешни работи вчера соопшти дека за време на денешните протести ширум Франција ќе бидат распоредени околу 60.000 полицајци, потенцирајќи дека нема да бидат дозволени собири околу Нотр Дам.
Ново на Сител
-

Протести во Прага поради планираното укинување на претплатата за чешките јавни медиуми
-

Од специјализирана продавница за „Покемон“ украдени карти во вредност од над 130.000 евра
-

Трамп бара од Конгресот дополнителни средства за модернизација на американскиот систем за контрола на воздушниот сообраќај
-

Следува променливо облачно и потопло време, од среда повремено силен јужен ветер
-

Изминатото деноноќие 15 пријави за семејно насилство во државава
-

Акциски контроли на подрачјето на Центар во Скопје, констатирани повеќе прекршошци
-

Седум ПП возила и 19 пожарникари гаснеле запалена барака во Жданец
-

Николоски: Охридскиот аеродром годинава ќе достигне помеѓу 370.000 и 400.000 патници наспроти предвидените 130.000 до 2030 година
