За победа во прв круг потребни над 900 илјади гласови
Во недела на 21 април треба да се одржи првиот круг од претседателските избори. На изборите право на глас имаат 1.808.131 избирач, кои можат да изберат меѓу тројца кандидати Блерим Река, Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски. Во првиот круг победник може да биде кандидат кој освоил мнозинство гласови од вкупниот број избирачи, односно 904.066 гласови.
Според член 81 од Уставот, доколку во првиот круг никој не го добие потребното мнозинство, во вториот круг одат двајцата кандидати што освоиле најмногу гласови во првиот круг.
Вториот круг на гласање се одржува во рок од 14 дена од завршувањето на првиот круг на гласањето, во случајов на 5 мај. За претседател е избран кандидатот кој добил мнозинство од гласовите, доколку на гласачките места излегле повеќе од 40 отсто од запишаните избирачи, односно 723.253 гласачи, што е предвидено со член 121, став 3 од Изборниот законик.
Доколку и во вториот круг ниту еден од двајцата кандидати не добил потребен број гласови,се повторува целата изборна постапка
Претседателот на Републиката се избира на општи и непосредни избори, со тајно гласање, за време од пет години. За претседател на Републиката исто лице може да биде избрано најмногу два пати. Претседателот на Републиката мора да биде државјанин на Република Македонија.
За претседател на Републиката може да биде избрано лице кое на денот на изборите наполнило најмалку 40 години живот. За претседател на Републиката не може да биде избрано лице кое до денот на изборите не било жител на Република Македонија најмалку десет години во последните 15 години. Изборот за претседател на Републиката се врши во последните 60 дена од мандатот на претходниот претседател.
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова на состанок со началникот на ГШ и министерот за одбрана
-
Пожари во Гевгелија и штипско Караорман
-
Приватните превозници во јавниот градски превоз во Скопје возат само до 10 часот
-
Именување на генерален секретар на Собранието и барања за апанажа од поранешни министри на Комисијата за прашања на изборите и именувањата
-
Изречени 117 санкционирани возачи во Скопје
-
Бајден: Во претседателската трка сум до крајот, не се откажувам
-
Французите протестираа против десницата
-
Ураганот Берил ја погоди Јамајка и ослабен се упати кон Мексико | ВИДЕО