Спасовски: МВР подготвено да обезбеди достојна и безбедна изборна атмосфера

Министерството за внатрешни работи е целосно подготвено да обезбеди достојна и безбедна атмосфера, во којашто секој наш граѓанин ќе може да си го оствари своето свето избирачко право, порача денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во обраќање до граѓаните во пресрет на гласањето за претседателските избори.
Подготвени сме, истакна Спасовски, одлучно и бескомпромисно да го превенираме секој обид за нарушување на избирачкиот процес независно каде или од кого. Бидете сигурни дека законите и граѓанската волја ќе бидат целосно испочитувани.
– В недела секој од нас има можност да го искористи своето уставно право, суверено и самосвесно да одлучуваме за нашиот сопствен избор. Министерството за внатрешни работи, согласно своите надлежности, го следи целиот изборен процес, а сè со една единствена цел – денот на гласање да мине мирно, непречено и достоинствено како што му прилега на едно демократско и слободно општество, нагласи Спасовски.
Како што укажува, во изминатиот период полициските службеници минале низа плански активности за квалитетно и ефикасно набљудување и обезбедување на севкупниот изборен процес од неговиот почеток до неговиот крај.
Ново на Сител
-

Протести во Прага поради планираното укинување на претплатата за чешките јавни медиуми
-

Од специјализирана продавница за „Покемон“ украдени карти во вредност од над 130.000 евра
-

Трамп бара од Конгресот дополнителни средства за модернизација на американскиот систем за контрола на воздушниот сообраќај
-

Следува променливо облачно и потопло време, од среда повремено силен јужен ветер
-

Изминатото деноноќие 15 пријави за семејно насилство во државава
-

Акциски контроли на подрачјето на Центар во Скопје, констатирани повеќе прекршошци
-

Седум ПП возила и 19 пожарникари гаснеле запалена барака во Жданец
-

Николоски: Охридскиот аеродром годинава ќе достигне помеѓу 370.000 и 400.000 патници наспроти предвидените 130.000 до 2030 година
