Македонија
17. April 2019 - 11:41

Трагедија: Скопјанец загина откако беше прегазен од камионот кој сам го управувал, познат неговиот идентитет

Скопјанец загинал вчера на крстосница на булеварот „Борис Трајковски“ и улица „4“, откако бил прегазен од товарно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, што претходно тој го управувал.

Љ.А.(52) од село Долно Лисиче, скопско, починал на лице место.

Според пријавеното, Љ.А. го запрел возилото и со сопатникот С.К.(50) од Велес излегле од него да видат дали имало простор за да помине по улицата. Според пријавеното, во еден момент возилото се придвижило нанапред и со предните тркала го прегазило Љ.А..

Извршен бил увид од екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.