Сибирски тигар претскажа победа на Зеленски на изборите во Украина
Тигарот Бартек од Краснојарскиот парк на флората и фауната, брат на познат сибирски тигар, прогнозираше победа на Владимир Зеленски во вториот круг на претседателските избори во Украина, соопшти прес-службата на зоолошката градина на социјалната мрежа „ВКонтакт“.
– Пред тигарот беа поставени две кутии со идентични парчиња месо. Тие се разликуваа само по сликите и имињата на кандидатите врз нив. На една од кутиите беше името и фотографија на сегашниот претседател, а на другата фотографија на Зеленски. И иако кутијата со актуелниот претседател беше поблиску до тигарот, по кусо размислување, Бартек го избра Владимир Зеленски, стои во соопштението.
Во објавеното видео јасно се гледа како Бартек се доближува до кутиите. Прво ја помирисува кутијата со фотографијата на Порошенко, потоа се врти кон другата, па потоа кон првата, но на крајот ја избира кутијата со Зеленски.
Бартек е брат на познатиот тигар Амур од Приморскиот сафари парк, кој стана пријател со козата Тимур, а светски познат стана со своите прогнози.
Ново на Сител
-
Во Велика Британија за еден ден преку Ла Манш пристигнале 1.194 мигранти
-
Водата во Скопје е санитарно исправна и може да се употребува, соопшти Водовод по интервенцијата во дел од градот
-
Во Мексико се одржуваат првите избори за судии
-
Реновирано одделението за систематски преглед во рамки на Институтот за јавно здравје
-
Николоски: Интензивно се работи на три автопатски делници | ВИДЕО
-
Приведена 19-годишна од Гостивар, во возилото е пронајден пиштол
-
Приведен 68-годишен скопјанец, физички ги нападал поранешната сопруга и нејзиниот син
-
Педесет проценти од царините ќе бидат усогласени со Европскиот царински тарифник почнувајќи од 1 јули