АВМУ: На полноќ завршува објавувањето анкети, изборниот молк почнува на 20 април

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги потсетува радиодифузерите дека денеска е крајниот рок за објавување резултати од испитувањето на јавното мислење.
-Согласно Изборниот законик, анкетите на јавното мислење може да се објавуваат најдоцна пет дена пред датумот одреден за гласањето, односно најдоцна до полноќ на 15 април 2019 година, се вели во соопштението од АВМУ.
Агенцијата потсетува дека изборниот молк почнува 24 часа пред денот на гласањето, односно од полноќ на 20 април 2019 година (сабота) и завршува со затворањето на гласачките места во 19 часот на 21 април 2019 година.
Радиодифузерите за време на изборниот молк продолжуваат да известуваат за активностите на Државната изборна комисија и за изборниот процес на денот на гласањето, но не смеат да објавуваат какви било информации, фотографии, аудио и аудио-визуелни материјали поврзани со или во кои учествуваат учесници во изборите.
Тие не смеат да објавуваат какви било облици на медиумско известување кои се отворено или прикриено во функција на нечија изборна кампања и можат да влијаат врз одлуката на избирачите, податоци со кои го откриваат идентитетот на политичките субјекти и/или на поединци вклучени во инциденти или други неправилности на денот на гласањето како и изјави од кандидати во изборниот процес, од учесниците во изборна кампања, од претставници на политички партии, и од носители на функции во органите на власта.
Ново на Сител
-

Автомобил се судри со трактор на патот Градско – Прилеп
-

Хибридите и моторите со внатрешно согорување можат да останат: ЕК го намали целниот процент за нулта емисија до 2035-та
-

Кушнер се повлече од белградскиот проект „Трамп“ вреден 750 милиони евра; Вучиќ: Ова е многу лоша вест
-

Силни безбедносни гаранции од Европа и САД – услов за мировен договор, нагласи Зеленски
-

Детски психијатар од Хрватска злоставувал малолетни деца и им давал дрога
-

Песков: Русија сака мир, а не кратко примирје
-

Тешко повреден малолетник на „томос“ по направена сообраќајка
-

Благодарение на ЗХГ ќе нема огномет на новогодишната прослава на плоштадот во Скопје
