Македонија
11. April 2019 - 10:29

Нивоата на реките се зголемуваат, но се уште се под месечниот просек

И покрај извесните зголемувања поради врнежите, нивоата на реките во земјава се уште не се во рамки на просекот.

Според денешните хидролошки мерења на УХМР, зголемувања бележат Вардар, Пчиња и Крива Река, но нивото на Сатеска и натаму е десет пати пониско, додека на Треска, Црна, Дрим и Бабуна двојно и тројно помало.

Мерењата покажуваат дека за три сантиметри повисоко од просекот е нивото на Дојранското Езеро.