Македонија
8. April 2019 - 11:36

Шест пати пониско нивото на реката Бабуна

Водостоите на сите реки во државата и понатаму се под просекот за април. Најдрастична е ситуацијата кај реката Бабуна кај која нивото е пониско за шест пати од априлскиот просек.

Денешните хидролошки мерења покажуваат дека три пати понизок е водостојот на Треска кај Македонски Брод, а за два пати понизок е кај реките Лепенец, Крива Река, Струмица, Црна Река и Црн Дрим. Скоро двојно е пониско нивото и на Вардар кај Велес.

Кај трите природни езера во државата нема поголеми промени. Повисоко е нивото на Дојранското Езеро, а околу просекот се движат нивоата на Охридското и Преспанското Езеро.