Македонија
6. April 2019 - 12:29

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со успехот на државата, македонската химна е признаена од цел свет

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не можат да се помират со тоа што за првпат грчки оркестар ја свиреше македонската химна.

За ВМРО-ДПМНЕ неприфатливо е тоа што химната е признаена од целиот свет, што државата и армијата се почитувани од целиот демократски свет.

Залудно ВМРО-ДПМНЕ конструира случаи.Дури и нивната кандидатка, Гордана Силјановска призна и потврди дека македонската химна, македонскиот јазик и македонскиот идентитет со Договорот од Преспа се трајно признаени и потврдени.

Само на деструктивното ВМРО ДПМНЕ и пречи успехот што државата го постигнува на домашен и меѓународен план.