-->
-->
На аеродромот „Македонија“ уапсена жена поради трговија со човечки органи
-->
Цариниците на солунскиот аеродром „Македонија“ во багажот на патничка, која од Москва пристигнала во Солун, пронашле стерилизирани човечки клетки што се користат за кератопластика, односно за трансплантација на рожницата на окото, јави дописничката на МИА од Атина.Специјално спакуваните клетките ги немале потребните потврди како што е предвидено од Националната организација за трансплантација и затоа биле запленети како предмет на нелегална трговија.
Патничката била уапсена, а тврдела дека како туристички водич требала да преземе странци од Солун и да ги однесе на островот Крф и дека знаела оти пренесува лекови, што требала да ги достави до вработен во туристичка агенција.
Случајот го презел надлежен јавен обвинител. Независната управа за јавни приходи на Грција соопшти дека станува збор за важен успех во борбата против нелегалната трговија со човечки органи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Салата „Работнички“ во Центар добива целосно нов лик и функционалност
-

Ботокс и трендови: Го бришеме ли карактерот? | Бобан Груевски | Sitel Podcast 135
-

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд
-

Општина Аеродром: Осуда за вандализмот во паркот „Бановина“, случајот пријавен во полиција
-

ЕСМ: Нормализирана испораката на парно за најголем дел од потрошувачите
-

Половина Скопје без парно
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
