Шумската полиција на предупредувачки протест
Вработените од шумската полиција на последен предупредувачки протест. Бараат подобрување на условите за работа, повисоки плати, бенефициран стаж. Прекувременетите работни часови да им се плаќаат и веднаш да се потпише колективниот договор со кој како што велат значително ќе им се подобир работата. Ако не се најде решение за нивните проблеми на кои веќе подолго време посочуваат, од 15 мај секој ден ќе протестираат пред шумските полициски станици.
Од министертвото за земјоделство велат дека по завршувањето на изборите ќе продолжи процесот на преговарање со незавнисот синдикат и со УПОЗ за надминување на разликите.
Од министерството уверуваат дека во следниот период ќе се опремат шѓумските полициски станици, а ќе се набават и 400 униформи за овластени службени лица во шумската полиција.
Од шумската полиција велат дека уште пред една година владата одлучила овие барања министертвото за земјоделство да почне да го применува.
-

Ирена Чачкова
Сите содржини од овој новинар
