Штипското здружение „Сплотени срца“ бара да се стави во функција комбето со рампа
Комбето со рампа за деца и возрасни лица со посебни потреби што беше купено со помош на донации место да ги транспортира од нивните домови до дневните центри и во обратна насока, стои паркирано во кругот на штипската регионална подружница на ЈП „Македонија пат“.
Зоран Мијалков и Димитар Сарпанов од Здружението „Сплотени срца“ од Штип велат дека веќе трети месец како што е купено комбето, но мора да стои паркирано, бидејќи нема возач за него.
– Родителите со години минуваат низ голготи и секое утро мора своите деца, кои се во инвалидски колички да ги креваат и да ги стават во такси или во сопствените возила. Токму поради ова минатата година преку донации од фирми, хумани граѓани, а и Општина Штип донираше 3.000 евра се обезбеди ова комбе со рампа. Мислејќи дека го решивме проблемот, но сега тоа стои паркирано и регистрирано. Причината зошто не се користи, како што не информираат е што нема возач, рече Мијалков.
Надлежните од Центарот за социјални работи – Штип соопштија дека проблемот ќе се реши по спроведувањето на претседателските избори, кога ќе можат да распишат оглас за вработување лице, односно возач на ова комбе кој ќе ги пренесува децата и возрасните лица со посебни потреби до дневните центри.
Ново на Сител
-
Силен земјотрес регистриран во западниот дел од Турција
-
Нетанјаху: Целта на Израел не е да ја окупира Газа, туку да ја ослободи од Хамас
-
Четири пациенти со тешки повреди примени на хируршките клиники во Скопје, по вооружена пресметка во Тетово
-
Вeнс: Се одредува датумот на средбата меѓу Путин и Зеленски за завршување на војната
-
Едно лице е убиено во напад со автоматска пушка во Тетово
-
Началникот од Демир Хисар ќе биде разрешен
-
Таксист од Гевгелија нападнат и ограбен од двајца патници
-
Скопјанец прегазил две 80-годишни жени на крстосница