Различни проекции помеѓу Светската банка и владата за растот на БДП
Владата останува на проекцијата за раст за годинава од 3,2 отсто. Иако Светска банка во пролетниот извештај прогнозира дека македонската економија 2019 ќе ја заврши со раст од 2,9 отсто, вицепремиерот Анѓушев уверува дека тој ќе биде повисок. Проекцијата ја темели на раздвижување на градежништвото, индустријата и земјоделство – трите столба од кои зависи бруто домашниот производ.
Најавата за зголемување на минималната плата од светска банката ја оценија како потег кој негативно ќе влијае врз текстилната индустрија. Сепак министерот Тевдовски уверува дека зголемувањето веќе ги дало посакуваните ефекти.
За економските политики ан владата ресгираа и од опозицијата.
Според извештајот на банката македонската економија полека закрепнува, но и во следните две години заедно со црногорската ќе бидат најслаби во регионот. Јавниот долг ќе продолжи да расте. Годинава ќе достигне 53, 4 проценти до БДП.
Препорачаа државата да се фокусира на економски реформи, промени во амдинситрацијата, подобрување на конкуретноста и продуктивноста.
Годинава најголем раст ќе генерира Косово.
-

Ирена Чачкова
Сите содржини од овој новинар
