-->
-->
Кејли Куоко жали поради крајот на „Бубалици“
-->
Актерката Кејли Куоко жали за крајот на популарната хумористична серија „Бубалици“, на која ѝ преостануваат само уште неколку епизоди од последната, 12. сезона.
– До групата луѓе кои беа можеби и предолго со последниве 12 години… Вие сте нашето семејство, напиша глумицата на Инстаграм под слика од скршено срце.
По вметнатото лице кое плаче, текстот продолжува: „Никогаш нема да можам да речам ’збогум’. Ќе ве носам засекогаш со мене „на бродот“, каде и да одам по светов. Вие сте мојата радост, моето среќно катче, мојата светлост во темнината“’.
– Цели 12 години, мојот сопруг и јас заспивавме смеејќи се со „Бубалиците“… Вие друштво сте ми дом. Ви благодарам!, ја завршува Куоко објавата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
„Вдоми Љубов“ - фестивал посветен на вдомувањето на кучиња и одговорното сопствеништво
-
МПЦ-ОА одбележува 1700 години од Првиот вселенски собор на кој присуствувале и тројца македонски епископи
-
Полагањето на државната матура почнува денеска со првиот екстерен испит
-
Без вода Чаир, Топанско Поле, Автокоманда, Железара, Бутел и Визбегово
-
Денеска и утре во Скопје авионска дезинсекција против комарци
-
Сончево и потопло, попладне можен краткотраен дожд и грмежи
-
Македонските фудбалерки со бод од гостувањето во Летонија ја завршија Лигата на нации
-
Гостиварчанец ја нападнал својата вонбрачна сопруга со метален предмет, а потоа ја силувал