Македонија
30. March 2019 - 13:19

Мартин и Стефан на прием кај претседателот Иванов

Претседателот Ѓорге Иванов денеска оствари средба со музичкото дуо “Некст Тајм” кои пред 3 дена ги собраа сите симпатии за преработката на песната “Нешто ќе те питам бабо”.
Средбата била на задоволство на двете страни, со оглед на тоа што информираа и претседателот и момците од Некст тајм.
 
- Огромна чест е што денеска имавме можност да бидеме гости кај претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, и да зборуваме на многу теми. Свесни дека не секој и секогаш има можност да седне на иста маса со него, така што веруваме дека овој момент ќе остане вечно во нашите сеќавања, напишаа “Некст Тајм” на својата Фејсбук фан страна.