-->
-->
Хазби Лика со најмногу вработени роднини во државните служби
-->
Најмногу роднини вработени во државни институции од министрите во Владата до Антикорупциската комисија има пријавено Хазби Лика, јавува Макфакс.Тој по доаѓањето на функцијата пријавил дека негов братучед е член на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапки од работен однос во втор степен, друг негов братучед е директор на Македонски железници – инфраструктура од 2011 година, а негова роднина е професор во средното медицинско училиште во Тетово од 2013 година. Братот на Хазби Лика, пак, е основач на приватна компанија.
Според изјавите што ги поднеле, министрите Оливер Спасовски, Венко Филипче, Крешник Бектеши, Зоран Шапуриќ, Бујар Османи, Горан Сугарески, Зорица Апостолска, Садула Дураки, Љупчо Николовски и Никола Димитров кога дошле на функцијата изјавиле дека не вршат друга јавна служба, немаат допир со приватни фирми и дека нивни блиски не се вработени во јавните служби ниту, пак, се сопственици, основачи, содружници, членови на собрание, надзорен одбор, управен одбор или се овластени лица во компании.
Премиерот Зоран Заев пријавил само дека неговиот брат Вице Заев е сопственик на фирмата „Тотал инженеринг“ во Струмица.
Кочо Анѓушев, заменик-претседател на Владата задолжен за економски прашања, ја пријавил својата фирма „Фероинвест“ каде што има 80 отсто од уделите, додека за ЕДС ДОО стои дека е во фаза на продажба. Анѓушев пријавил и дека е основач на Фондацијата „Анѓушев“ и претседател на ФК „Борец 1919“, но дека од овие места не прима надоместок.
Сопругата на Анѓушев е содружник во фирмата „Офисрент“, додека неговиот брат е содружник во „Фероинвест“, управител во МХЕ и содружник во „Енерџи менаненс солушн“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Имам лоша вест за сите што шпекулираа – Давид Гета и сите настани за 8-ми Септември ги чинеа граѓаните 0 денари
-

Вучиќ распиша вонредни парламентарни избори на 25 октомври
-

„Безбеден град“ од сабота ќе се применува и во Велес
-

Угостителските услуги во август на годишно ниво поскапи за 3.7 %
-

За викендот се најавува дожд и пад на температурата
-

Уапсен тетовец, чистејќи го својот имот запалил оган и предизвикал пожар
-

Стрелките се враќаат еден час назад: Еве кога започнува зимското сметање на времето
-

35 врвови за 35 години независност: Благица Владимировска и Ема Лазареска ја изодеа Шар Планина за четири дена
