Џасинда Ардерн: Никогаш нема да го изговорам името на напаѓачот од Крјстчрч
Новозеландската премиерка Џасинда Ардерн вети дека веќе никогаш нема да го изговори името на терористот кој во петокот уби 50 луѓе во две џамии во Крајстчрч.
„Тој сакаше да постигне многу работи со својот чин и една од нив е озлогласеност. Затоа јас веќе никогаш нема да му го изговорам името“, изјави Ардерн во емотивното обраќање во парламентот.
За најтешкиот масакр во историјата на Нов Зеланд е обвинет 28-годишниот Австралиец Брентон Тарант, самопрогласен бел расист.
„Ве молам, кажувајте ги имињата на оние кои ги загубија животите, а не на нивниот убиец. Тој е терорист, тој е криминалец, тој е екстремист. Тој за мене секогаш ќе биде безимен“, кажа Ардерн, завршувајќи го својот говор со арапскиот поздрав „Ал-салам алејкум“, односно „мир со вас“.
Освен што најави дека Нов Зеланд ќе го забрани полуавтоматското оружје, какво што беше употребено во терористичкиот напад, таа ги повика и социјалните мрежи повеќе да се борат против тероризмот.
Ново на Сител
-
Скопјанец силувал 15-годишен штитеник од установа за згрижување деца
-
„Пики блајндерс“ ќе добие и филм и нови епизоди
-
На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран се чека до еден час
-
Англија ќе им забрани на трансродовите лица да учествуваат во женскиот фудбал
-
Опожарена барака на улица „Самоилова“ во Скопје
-
Нов повик за субвенциониран студентски оброк, проширен е опсегот на мерката
-
Мицкоски: Трудот е темелот на секоја напредна држава
-
ЦУК: Пробиштипјанец кој беше пријавен за исчезнат пронајден починат