Ѓуриќ: Властите во Приштина стојат зад убиството на Оливер Ивановиќ

Директорот на српската владина Канцеларија за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ денеска оцени дека е „повеќе од сигурно“ оти актуелните власти во Приштина директно стојат зад убиството на лидерот на партијата Граѓанска иницијатива „Србија, демократија, правда“ (СДП), Оливер Ивановиќ.
Ѓуриќ очекува истражните органи во Србија наскоро да бидат во можност да обезбедат повеќе информации за ова случај.
– Сите ние сме убедени дека (Хашим) Тачи, (Кадри) Весели и сегашните власти во Приштина директно стојат зад убиството на Оливер Ивановиќ и очекувам нашите истражни органи наскоро да бидат во можност да обезбедат повеќе информации за овој случај, бидејќи тоа е нешто што целиот свет треба да го знае. Затоа, во Приштина, наместо ѕвецкање со оружје, треба да почнат да размислуваат за подготовка на одговорите за правосудните органи, порача Ѓуриќ во писмената изјава за медиумите.
Тој нагласува дека Србија никому не му се заканува и дека за разлика од Приштина ги почитува сите свои граѓани, а Србите во Косово „секако немаат потреба од загриженост поради ѕвецкањето со оружје на Тачи“, бидејќи српската држава одговорно ќе се грижи за нивната иднина и безбедност.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Продолжуваме со реформите за забрзан европски развој на Македонија
-

Муцунски во Киев: Стоиме со Украина, таа е суверена држава и нејзиниот територијален интегритет мора да се почитува
-

Сител ТВ вработува новинар во веб редакција
-

Тројца полицајци пренесени на Клинички по тешка сообраќајка во Скопје
-

Македонскиот фолклор одекна во Бразил: „Малешевка“ и „Калајџиско“ на светската сцена во Нова Прата, настапите продолжуваат
-

Прва берба, прво меѓународно оценување и две злата за винаријата „Монтеко“ на престижниот „Мундус вини“ во Германија
-

Јаневска: МОН не доделило стипендија на синот на Милошоски
-

73-годишна жена фрлала дрва кон деца, ги бркала со остар предмет, па им ја дупнала топката во Кичево
