Претседателот Николас Мадуро напиша денеска на својот Твитер профил дека „повеќекратните сајбер напади“ предизвикале прекини и ги нарушиле напорите да се поправи националната мрежа.
Тој вели дека се надевела дека струјата ќе стигне секаде во наредните часови.
Опозицискиот лидер Хуан Гваидо и неговиот сојузник, САД, велат дека тврдењата на Мадуро дека тие го саботирале електроенеретскиот систем се апсурдни.
Тие наведуваат дека корупцијата во владата и лошото управување со државата предизвикале пропаѓање на венецуелската инфраструктура во текот на многу години.
Венецуела се бори со хиперинфлација и недостиг на храна и лекови.