Во Битола одбележана годишнина од Холокаустот на Евреите

Високи гости од државата и странство, амбасадори и конзули, владини министри, претставници на јавниот живот од градот и ученици од Израел и Германија, со „Марш на животот“ одбележаа годишнина од депортацијата на Битолските Евреи.
Во својот говор израелскиот министер за Ерусалим и за животна средина Зеф Елкин истакна дека е радосен што битолчани ја чуваат меморијата за Евреите и јавно се заблагодари за грижливо чување на културно историското минато и објекти на Евреите во овој град.
-Битола долги години беше топол дом на многу Евреи. Но, најладниот и најстрашниот ден во нивниот живот беше на 11 март 1943 година. На тој ден небото беше црно и ја навестуваше темнината…Голема беше неизвесноста на Евреите од Битола и од Македонија. Тешка беше судбината на Евреите во цела Европа, но за жал најтешкото се случи токму тука во Македонија, потсети министерот Елкин.
Тој нагласи дека се горди што се дел од возобновувањето на Еврејските гробишта во Битола, бидејќи тие за нив се значаен споменик.
Во маршот од еврејското маало по Широк Сокак до Железничката станица во Битола учествуваше и македонскиот министер задолжен за дијаспора Едмонд Адеми.
-Се сеќаваме на историскиот настан за да не се повтори, а нашите емоции за тој период обврзуваат да се мотивираме и да направиме нешто повеќе заедно со нашите пријатели од Израел, рече градоначалничката на Битола Наташа Петровска.
Програмските активности завршуваат вечер со светлосен настан „Патоказ кон помирувањето“ кој ќе се одржи на плоштадот „Магнолија“ и е во спомен на Еврејската заедница.
Ново на Сител
-

„Емирати“ по краткиот прекин, ги продолжува летовите до и од Дубаи
-

Израелската авијација го нападна Техеран, а Иран со дронови Израел и американските бази во ОАЕ и Кувајт
-

Сончевото и релативно топло време го поттикна пролетното будење на овошките
-

Расел победи на првите квалификации во сезоната 2026 во Формула 1
-

Трамп: Куба е пред колапс и бара договор со САД
-

„Емирати“ на неодредено време ги суспендира сите летови до и од Дубаи
-

Една третина од пратениците во ЕУ се жени, во Македонија 37,5 отсто
-

Цената на нафтата надмина 90 долари, најголем неделен раст од 1983 година
