-->
-->
Се намалува невработеноста во општина Кичево
-->

За една година во општина Кичево се вработиле 701 лице. На крајот на 2017 -та во Општината имало 3.214 невработени, додека на крајот на 2018-та се евидентирани 2.513 лица кои активно или пасивно бараат работа.
Според Агенцијата за вработување во Кичево, невработеноста е драстично намалена благодарение на кредитирањето и финансиската поддршка кои се дел од широката стратегија на општинско и државно ниво.
– Најголемиот дел од лицата се вработени во американската компанија „Ки Сејфти Системс“ (КСС), дел во приватниот сектор, но мал дел и преку мерките на Општината за намалување на невработеноста во претходната година. Сепак, дел од невработените, за жал, заминале и надвор од земјата, велат од Агенцијата.
Општина Кичево и оваа година во Предлог-буџетот има предвидено средства за поддршка на локалниот економски развој (претприемништво, бизнис планови, почнување нови бизниси, проекти за намалување на невработеноста, субвенционирање за вработување со цел создавање конкурентна економија во приватниот бизнис).
Заклучно со 31 декември 2018 година во Кичево најголем број невработени се со основно образование, 1.114 , со тригодишно средно 279, со средно 721, со вишо образование 45 , со факултетско 315, а има и 38 магистри, како и еден невработен доктор на науки.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мерц побара Иран да престане да го дестабилизира Блискиот Исток
-

Ноќеска дожд, утре променливо облачно и постудено, наместа ветер над 60 км/h
-

Распишана централна и меѓународна потерница по Михаилова Ива
-

Казни од 500 до 1.500 евра за младите во Хрватска доколку не се јават на преглед за воен рок
-

Бугарскиот амбасадор повикан во МНР: Пpечекот на Ива Михајлова во Софија е провокација и ги подрива напорите за добрососедство
-

Вонредна ситуација на аеродромот во Нирнберг: Целосно запрен авиосообраќајот, ангажирани и борбени авиони
-

Клековски: Вакцинацијата против сезонски грип треба да почне од 16 до 25 октомври
-

Тошковски и Руф ја потврдија заложбата за продлабочување на македонско-австриската полициска соработка
