Штип го решава проблемот со бездомните кучиња
Општина Штип го потпиша договорот со Ветеринарната станица во Штип, што во наредните три месеци ќе работи во стационарот за бездомни животни лоциран во месноста „Новакова чешма“. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски вели дека склучен е договор на итна и неодложна работа со Ветеринарна станица-Штип, бидејќи имаат допис од Центарот за јавно здравје, во кои им укажуваат дека поради тоа што не се третираат кучињата скитници се појавуваат и болести.
-Ветеринарната станица во Штип, во наредните три месеци ќе работи на нашиот стационар и ќе го решава проблемот со бездомните животни. Така што во текот на неделава, тие ќе почнат со решавање на овој проблем. Парлалелно со ова веќе имаме распишано и јавна набавка, на која бараме компании за склучување договор, рамковна спогодба на две години и таа компанија, што ќе го добие тендерот ќе може да го користи нашиот стационар, рече Бочварски.
Стационарот за бездомни животи има услови за хуман третман на 15 до 18 бездомни кучиња. Агенцијата за храна и ветеринство има дадено времена дозвола на општината за отварање на стационарот. Забелешките што им се дадени треба да се отстранат во рок од шест месеци, по што ќе може да се добие дозволата за овој стационар.
Ново на Сител
-
Ахмети: Доколку се утврди вина Груби сам ќе се повлече од ДУИ
-
Пронајдена дрога при претрес во Струга
-
Лукман: Покажавме дека можеме да се носиме со Реал Мадрид
-
Оклахома го совлада Далас и се пласираше во полуфиналето на НБА Купот
-
Норвешка нема да гласа за домаќини на СП 2030 и 2034
-
Уставниот суд ќе одржи подготвителна седница за Законот за јазиците
-
Започна седницата на Уставен, отсутни судиите Осман Кадриу и Насер Ајдари
-
Уапсена 29 годишна гостиварчанка, пронајдена дрога, пушка и муниција | ФОТО