Лажни информации за киднапирање деца во Гевгелија

По барање на градоначалникот Сашо Поцков, СВР Струмица издаде соопштение со кое преку надворешната канцеларија за криминалистички работи во Гевгелија го известува населението дека на подрачјето на Полициската станица од општа надлежност во Гевгелија не се пријавени никакви обиди за киднапирање, ниту за убиства на деца.
Во соопштението, заради смирување на јавноста, децидно се наведува дека станува збор за лажни вести што ги шират неодговорни поединци со цел да внесат страв меѓу граѓаните и се апелира до јавноста да не наседнува на лажни гласини и шпекулации кои претежно се пласираат преку социјалните мрежи.
Истовремено, контактирани се сите училишта и јавни образовни установи за да им се укаже на одговорните лица и вработените дека станува збор за лажни вести.
Од надлежните државни органи градоначалникот Поцков побара против лицата што шират лажни информации преку социјалните мрежи да се преземат санкции согласно законските одредби.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Извршена е прва трансплантација на рожница во јавното здравство во нашата држава
-

Поради долг му упатувал закани и го испрскал со спреј во очите, приведен скопјанец
-

Три 13-годишни девојчиња тепале друга малолетничка во Центар
-

15-годишник во Аеродром нападнат од шест лица кои му барале пари
-

29-годишник сo „голф“ удрил во паркирано возило, па во тројца пешаци, меѓу кои тригодишно дете
-

Екс-директорка на здравствен дом од Делчево со наполнети 67 години останала на функција наместо да се пензионира
-

Полковник Кире Николовски одликуван со Сребрен медал за национална одбрана
-

Владата е стабилна, разговорите за пополнување на испразнетите места се во тек, вели премиерот Мицкоски
