Бејли се заблагодари за гостопримството, пристигнува новата амбасадорка Кејт Бирнс
Американскиот амбасадор Џес Бејли кој си заминува од земјава, на својот Твитер налог се заблагодари пишувајќи: „Благодарам Северна Македонија за вашето гостопримство, пријателство и љубезност. До следно видување – се гледаме!“.
Џес Бејли беше потврден како амбасадор на САД во Македонија, од страна на Сенатот, во декември 2014. Во земјава тој пристигна од Анкара каде што беше вршител на должноста амбасадор.
Бејли во јануари годинава објави дека го напушта Скопје на почетокот од март, а потоа и ќе се пензионира од работата во Стејт департментот по 34 години работен стаж.
За иден амбасадор во земјава, која ќе го замени Бејли, претседателот на САД Доналд Трамп ја номинираше Кејт Мери Бирнс. Таа е дипломат од кариера, а во моментов е заменик-шеф на мисија во амбасадата на САД во Грција.
Претходно, таа била заменик шеф на мисијата и заменик постојан претставник во мисијата на САД во седиштето на ОБСЕ во Виена. Во својата кариера таа работела во американската амбасада во Мадрид, Шпанија, потоа била на дипломатски задачи во Авганистан и во седиштето на НАТО во Брисел. Бирнс зборува шпански, унгарски и турски јазик.
Ново на Сител
-
Пожар кај селото Јосифово, побарана воздухопловна поддршка
-
13-годишник со нож го прободел својот малолетен роднина
-
Тешко повреден возач на електричен тротинет, удрил во отворена врата на запрено возило
-
Малолетник прободен со остар предмет на подрачјето на Бит Пазар
-
Тројца пациенти повредени во пожарот во Кочани сè уште се надвор од државата, втората група на Пониква заминува од средина на јули
-
Приведен 52-годишен тетовец, управувал возило со 2.63 промили алкохол во крвта
-
Јаневска: Образованието и науката го добиваат потребното внимание и стануваат клучни развојни ресурси на државата
-
Нови 300 слободни места за специјализанти, најави министерот Алиу