Живот
25. February 2019 - 21:14

Стејси имала неизлечлив рак, а потоа одлучи да ризикува: И вбризгаа опасен вирус и болеста и исчезна за 36 часа, еве што вели 5 години по тоа искуство

Кога на Стејси Ерхолд и е дијагностициран рак на крвта лекарите и рекле дека не можат многу нешто да направат бидејќи станува збор за неизлечлива болест.

Сепак, таа одлучила да ризикува и се упатила во клиниката Мајо за да може со мал сипаници да ја победи болеста.

Научниците одамна знаат дека болеста мали сипаници понекогаш доведуваат до спонтано намалување на големината на туморите, но клиничките испитувања во клиниката Мајо покажаа колку моќно оружје може да биде овој мал вирус.

Стејси се мачела во текот на секоја хемотерапија и имала и две трансплантации на матични келии, меѓутоа проблемот секогаш одново се враќал. Тогаш истражувачите и влеале последна надеж - огромна доза на сипаници.

Во рок од 5 минути, добила главоболка и температура, по што следело повраќање и тресење. За 36 часа, туморот со големина на голф топче исчезнал, а за две недели во нејзиното телот немало канцер.

„Тоа беше најлесниот третман што досега сум го направила“, рече Стејси во 2014 година за медиумите.

Речиси 6 години подоцна, Стејси и натаму е здрава и жива.

„Бев подготвена да умрам, ама не умрев. Верував дека Бог има план, вели таа. Од време на време, таа на предавања говори за своето искуство.

„Пациентите болни од рак добиваат третман со хемотерапии и зрачења кои се токсични. Освен тоа, толку време и пари трошите на тие терапии, што целосно ве исцрпуваат. Овој поинаков вид на терапија, во која само ви вбризгуваат вирус, беа многу интензивни, но за 24 часа се беше готово и можев да ја напуштам болницата, вели таа.

Stiven Rasel

Лечењето на ракот со вируси не е ново. Научниците од клиниката Мајо велат дека „виротерапијата“ успешно се користи на илјадници пациенти болни од рак, но ова е прв случај кога ракот се проширил на целото тело на пациентот и се повлекол во ремисија.

„Мислам дека успеавме зошто ја зголемивме дозата во однос на другите“, рече водечкиот автор на студијата, доктор Стивен Расел. Вирусот на сипаници прави келиите на ракот да се спојат и експлодираат, објаснува Анџела Диспензиери, исто така од клиниката Мајо.

„Неодамна почнавме да размислуваме за идејата за лек против рак - и тоа е целта на оваа терапија“, рече Расел.

Мааната на вирусотерапиите би била вакцинацијата - бидејќи голем број луѓе се вакцинирани против сипаници, во нивното тело се наоѓаат антитела кои би го нападнале вирусот и со тоа неговото делување би било оневозможено.

Стејси во секој поглед била посебен случај. Немала антитела зошто два пати поминала низ трансплантација на стем келии и нејзиниот рак имал неколку мутации.

Расел вели дека ќе продолжи со истражувањата за делотворноста на вирусотерапијата.