Владата на РСМ вечерва ќе ја одржи 123. седница
Владата на Република Северна Македонија вечерва ќе ја одржи својата редовна 123 седница, на која меѓу другото ќе ја разгледа информацијата во врска со потребата од поднесување на апликација за техничка помош за подготовка на проектот за изградба на Интерконективен гасовод меѓу Република Северна Македонија и Република Косово, како и иста таква информација за подготовка на Проектот за изградба на Интерконективен гасовод меѓу Република Северна Македонија и Република Србија.
Од владината прес-служба соопштија дека на предлог на Министерството за економија на вечерашната седница на Владата ќе биде разгледана и информација со нацрт текст од „Националната Стратегија за развој на туризмот на Република Македонија за 2016-2021 година со Акциски план 2019-2021”.
Министерството за информатичко општество и администрација за оваа седница на Владата на РСМ ги предложило предлог – законите за електронско управување и електронски услуги, за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, како и за централен регистар на население.
На седницата министрите во Владата на РСМ ќе бидат информирани за текот на реализацијата на активностите и сумарните статистички податоци за Е- обуката за родова еднаквост, како и за проектот за подобрување на електронската размена на податоци во институциите и развивање на дополнителни веб сервиси во интерес на граѓаните, што ги подготви Министерството за труд и социјална политика.
Ново на Сител
-
Со автомобил удрен пешак во Скопје, се здобил со тешки телесни повреди
-
Објавен редоследот на евровизиските настапи во мај
-
Во Египет откриена гробница на фараон стара 3.600 години
-
Анчелоти идната недела на суд за даночна измама
-
Попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-
Четири млади лица приведени во кавадаречко, поседувале бела грутчеста материја
-
За време на продолжениот викенд јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред
-
Четири лица, од кои двe малолетни, фатени на дело при обид за кражба во Куманово