Македонија
20. February 2019 - 9:16

Дебата „Перспективите од македонското членство во НАТО“

Научно-стручната расправа на тема „Перспективите од македонското членство во НАТО“ ќе се одржи денеска во просториите на Факултетот за безбедност – Скопје.

Расправата ќе ја отвори министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Научно – стручната расправа се реализира во организација на Факултетот за безбедност и Дипломатскиот клуб.