Нови детали за смртта на Шабан Шаулиќ: Излегол од возилото и се пожалил дека нешто го гуши, лекарите му дале нешто, заспал и не се разбудил
Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, кој со кралот на народната музика Шабан Шаулиќ бил добар пријател, многу тешко ја поднел смртта на пејачот.
Дачиќ, бидејќи синот на Шабан Шаулиќ го известил за смртта и го замолил за помогне околу префрлањето на телото во Србија, рече дека Шабан од автомобилот излегол на нозе и сите детали за неговата смрт мора дополнително да се испитаат.
„Шабан излегол од автомобилот, но бил толку лошо што практично морале да му направат некоја интервенција и да го однесат во болница. Бил во лоша состојба, но свесен. Тој излегол без траги од повреда. Се жалел дека има проблеми со грлото, градите и дека нешто го гуши. Повикале хеликоптер и му дале некакво средство за успивање и тој повеќе не се разбудил. Во болница се обиделе да го реанимираат, го отвориле и утврдиле дека дошло до компликација на аортата. Обвинителот сега бара обдукција за да се види од што починал“, изјави Ивица Дачиќ за „Кирилица“.
Ново на Сител
-
Трамп повика на средба меѓу Украина и Русија во Турција оваа недела
-
ПМФЛ: Вардар го доби Работнички во градското дерби
-
Македонија ја совлада Литванија и се пласираше на ЕП 2026
-
Куче врзано за кола и влечено во Крива Паланка
-
Малолетничка пријавила дека доктор ја допирал по телото на клиниката „Мајка Тереза“
-
Папата Лав Четиринаесетти ги повика светските сили да ги прекинат сите војни
-
Мицкоски: Следната недела ќе имаме завршна средба со Таравари, Владата е стабилна и фокусирана на проекти
-
Вандали ја саботирале електричната инсталација во штипската модуларна болница