Сведоштво на еден од преживеаните патници: Се случи многу брзо додека да се освестиме веќе бевме превртени - сите се во лоша состојба
Голема трагедија ја потресе Македонија – патнички автобус на гостиварската компанија „Дурмо Турс“ вчера излета од автопатот Скопје-Тетово и се преврти кај селото Ласкарци.
Според последните информации, 14 лица го загубија животот во страотната несреќа на автопатот Скопје – Тетово која се случи вчера околу 17 часот, а петмина се борат за живот во скопските клиники.
Автобусот кој пренесувал 50-тина патници од Скопје за Гостивар, преминал преку заштитната ограда на автопатот на спротивната лента, по што ја пробил и последната банкина пред да се преврти покрај автопатот.
Телевизијата “Klan Macedonia” го објави сведоштвото на еден од преживеаните патници кој што откри дека е во стабилна состојба, а потоа откри и како се случила несреќата.
Според него, сѐ се случило за многу кратко време, автобусот наеднаш ја загубил контролата, по што излетал од патот.
„Многу брзо се случи се, наеднаш како да изгуби контрола автобусот, од едната лента во другата и паднавме долу, тоа траеше неколку секунди. Додека се освестиме веќе бевме превртени, во многу лоша состојба се сите. Полн беше автобусот, од работа доаѓавме, тоа е најфреквентната линија, до последно место беше полн автобусот“ сведочи повредениот во изјава за ТВ Клан.
Ново на Сител
-
Приведен 29-годишник, возел со 171 километри на час на место каде е дозволено 100
-
Приведен 36-годишник, при претрес на неговиот дом пронајдена е дрога
-
53-годишен кавадарчанец бил удрен од возило во неговиот двор
-
На ГП „Табановце“ приведен 21-годишник од Австрија, при гранични проверки најдена е дрога
-
Приведен 30-годишен охриѓанец, управувал возило со 1,62% промили алкохол во крвта
-
Приведен 30-годишник, возел со 125 километри на час на место каде е дозволено 50
-
Собранието почнува со редовни активности по одморот на пратениците
-
Северна Кореја тестираше нови ракети