Хан: Договорот од Преспа е можност за зајакнување на добрососедските односи и промоција на билатералната соработка

Договорот од Преспа е пример за помирување и можност за зајакнување на добрососедските односи, пишува еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан во писмениот одговор на пратеничкото прашање испратено од европратеникот од СИРИЗА, Димитрис Пападимулис.
Минатата есен, заменик претседателот на Европскиот парламент, испратил прашања до Европската комисија за зајакнувањето на инвестициите во двете земји, тогаш, во пресрет на ратификацијата на Договорот од Преспа. Одговорот од Хан е со датум 8 февруари 2019. Двата дописа, со прашањата и одговорот, денеска ги објави самиот Пападимулис, јави дописничката на МИА од Атина.
-Договорот од Преспа за името е пример за помирување и можност за зајакнување на добрососедските односи, а паралелно уште повеќе ја промовира политичката и економска соработка, пишува Хан на почетокот од неговиот одговор што е во име на Европската комисија.
Во продолжение тој ги објаснува веќе постоечките програми за финансиска поддршка, како пто се IPA и Interreg, но и новите за кои се водат разговори.
-Се водат разговори за можноста поранешната југословенска Република Македонија да се вклучи во „стратегијата на ЕУ за регионот на Јадранското море“ (EUSAIR), факт што ќе ѝ овозможи зајакнување на нејзината соработка со соседните земји во однос на тематските приоритети на EUSAIR. Комисијата започна со проучување на одржливиот економски развој во поширокиот регион на Преспа, со посебен акцент на туризмот. Земјите се обврзаа, заеднички да развијат стратешки план за спроведување со цел реализација на граничен премин во близина на Преспанското Езеро, кој ќе биде кофинансиран од програмата за прекугранична соработка IPA и од грчката регионална програма, објаснува еврокомесарот за проширување.
Димитрис Пападимулис во неговото писмо до ЕК, ја споменува изјавата на заменик претседателот на Европската банка за обнова и развој од 10 септември 2018, во која вели дека по финализирањето на Договорот од Преспа ќе се зголемат инвестициите во двете земји. Во продолжение, меѓу другото, прашува како Договорот од Преспа ќе влијае на развојот и инвестициите, преку кои средства и механизми, Комисијата може да придонесе за инвестиции во регионот.
Ново на Сител
-

Трамп: Американските сили почнаа со расчистување на Ормуската Теснина
-

Џатевска: Ќе биде тежок натпревар и мора да имаме сериозен пристап
-

Уапсен 44-годишник, во крвта имал 3,18 промили алкохол и нападнал полицаец на службена должност
-

Мицкоски: Без силна акција од Брисел и други членки на ЕУ не може да дојде до промена на ставот на Бугарија
-

Уапсен 19-годишник, во багажник превезувал „пит бул“ повреден од улични борби
-

Три автомобили изгореа на Бит Пазар, нема повредени
-

16-годишник од скопско со нож тешко повредил соселанец
-

Турчин со тротинет удрил жена на „Партизанска“ и побегнал од местото на настанот
