-->
-->
По три години го пронајде своето милениче: Човек од Белград не може да ги запре солзите
-->
Кога пред три години исчезнало кучето Ема, нејзините сопственици биле скршени. Ја барале насекаде, но никаде ја немало, се до вчера, кога повторно се сретнаа.Никој не знае што се случувало со неа откако ја снемало, но едно од здруженијата за заштита на животните ја прибрало од улица, по дојава од граѓанин дека има куче кое изгледа како да е домашно.
Сопствениците биле идентификувани со помош на вградениот чип, а после три години, Ема е повторно дома.
Ова куче е едно од многуте на кои им се губи трага, но ја имало среќата да налета на совесни луѓе кои веднаш се ангажирале за пронаоѓање на нејзините сопственици. Таа сега има мал здравствен проблем, но тие веруваат дека ќе се изборат со тоа, посебно сега кога е повторно со луѓето кои ја обожаваат.
.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Приведен 34-годишник од Гостивар, при претрес на неговиот дом пронајдена е дрога | ФОТО
-

Сообраќајка во Охрид: Двајца возачи со забрани, едниот пијан
-

Скандал во Бугарија: Жени тајно снимани во салони за убавина, снимките завршиле на порно-сајтови
-

Конкурс за избор на невеста и зет на „Галичка свадба 2026“
-

Втор ден од преговорите Русија – Украина во Абу Даби
-

Берлинскиот аеродром ги суспендира сите полетувања поради снег и замрзнат дожд
-

Зверев е подобар од Ѓоковиќ
-

ИЈЗ: Малигните неоплазми - втора најчеста причина за смрт, стапката на морталитет повисока кај мажите
