Во студената земја поминал отприлика 3 часа. Дармендра Кумар по игра на случајот прв го слушнал крикот на бебето.
„Поминував близу рибникот вечерта околу седум кога го слушнав плачот на бебето. Нејзините крикови ме доведоа до местото каде беше закопано. Брзо ја откопав земјата и ја најдов жива“, вели Кумар.
Детето го одвел во блиската државна болница и ја известил полицијата.
„Тоа е толку сурово дело. Не ми се верува дека некој можел да остави бебе на вака студено време“, додава Кумар.
Полициската истрага открила дека таткото (30) и мајката (28) го погребале своето тукушто роденото дете заедно со двајца роднини и тоа го налог на локалниот шаман кој тврдел дека бебето е запоседнато со зли духови!? Полицијата соопшти дека покрај таткото, уапсена е татката и тетинот како и шаманот, а мајката се наоѓа во бегство.
„Бебето го погребала тетката откако родителите ја замолиле да го направи тоа. На овој чекор се одлучиле по сугестија на шаманот кој тврдел дека девојчето е опседнато и дека нејзиното присуство во куќата може на сите да им го уништи животот“, соопшти полицијата.