Сообраќајна несреќа на булеварот „Србија“ - скопјанка тешко повредена
Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера на булеварот Србија, 32-годишна скопјанка повредена и итно пренесена на Ургентниот центар. Според информациите на МВР, вчера во 21.40 часот на крстосницата на булеварите „Србија“, „12-та Македонска Бригада“ и „3-та Македонска Бригада“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Ауди А4“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.И.(35) од Скопје и патничко возило „Тојота Ајго“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.И.(36) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Б.М.И.(32), сопатничка во возилото „Тојота Ајго“.
Со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Ургентен центар комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде и била укажана лекарска помош.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
Ново на Сител
-
Русија ги предупреди НАТО и ЕУ: Секоја агресија ќе биде пречекана со „решителна реакција“
-
ПМФЛ: Домашни победи за Арсими и Тиквеш
-
Четворицата осомничени за експлозија на бомба во Битола се гонат за „Тешки дела против општата сигурност“
-
ЦУК: Вкупно два пожари на отворен простор, еден активен
-
Пријавени два случаи на меѓуврсничко насилство во еден ден во Скопје
-
Уапсен 25-годишен неготинчанец, превезувал мигранти и удрил полициски службеник
-
Приведен 30-годишник, прегазил пешак кој што подоцна починал
-
Приведен 48-годишен тетовец, управувал возило под дејство на алкохол