Експертската јавност бара Царовска да ги објави документите за скандалот во ПИОМ
Министертката Царовска да направи јавна презентација на документацијата и дирекно да ги посочи осомничените за скандалот со ПИОМ до надлежните органи, бараат невладините организациии. Да објасни и како ќе се надомести штетата во буџетот- од каде ќе се поркиваат загубите на 12 илјади идни пензионери и што е преземено за да се заштитат даночните обврзници.
Централниот буџет и даночните пари не се каса за опростување на криминално работење и за злоупотреби од страна на оние кои ја држат заробена државата туку треба да користат во градење на механизми за заштита од злоупотреба и корупција што не е случај во Република Македонија се вели во соопштението на невладините организации.
Од опозицијата пак прашуваат кој ќе сноси одговорнот за скандалот тежок 10 тици милиони евра. Дали министерката Царовска или директорот на ПИОМ Зенељи.
И од СДСМ посочувата дека одговроност мора да има, но за тоа кој е виновен ќе кажат надлежните инситуции.
За тоа какви злоупотреби се направени, кој и за што ќе одговара, ќе кажат надлежните правосудни институции а не политичките партии. Таа пракса на којшто е навикната ВМРО-ДПМНЕ, да прогласува кој е виновен а кој не, преку партиски говорници, наместо преку институциите, заврши со нивното заминување во опозиција, се вели во реакцијата на партијата.
Вчера вицепремиерот Османи рече дека министерката Царовска дала несреќна изјава отворајќи ја аферата и застана во одбрана на директорите на ПИОМ од ДУИ во чие време не се рпефрлале пари во вториот столб. Најави и тужба против медиумите што како што рече ширеле лажни вести по што денеска се извини и посочи дека во иднина ќе биде попрецизен во изјавите.
-

Ирена Чачкова
Сите содржини од овој новинар
