Деби со два гола на Пјатек

Кшиштоф Пјатек е решен да ја освои Италија за една сезона! Полската напаѓачка сензација доминираше со головите во Џенова, пред Милан да го донесе во јануари како замена за Гонзало Игуаин и тој веднаш им врати со два гола за 2:0 победа над Наполи и пласман во полуфиналето на Копа Италија.
Пјатек дебитираше за Милан како замена во саботниот дуел од Серија А со истиот противник, кој заврши 0:0, но во вторникот беше неверојатен! Во 12. минута тој доби одлична долга топка од Диего Лаксалт за да не покаже милост и од петнасетина метри да го постигне својот прв гол по трансферот вреден 35 милиони евра.
Лоренцо Инсиње врати на другата странам приморувајќи неколку одбрани на Џанлуиџи Донарума, но Пјатек во 27. минута „удри“ повторно, смирувајќи ја топката на гради, поминувајќи го Калиду Кулибали за уште еден убав гол, со што тој има постигнато повеќе голови во првите 46 минути игра во дресот на „росонерите“ отколку Игуаин во последните 12 натпревари за клубот.
Милан во полуфиналето на националниот куп ќе игра со подобриот од дуелот помеѓу Лацио и градскиот ривал Интер.
Ново на Сител
-

Продолжува негативниот прираст - 1 005 помалку родени од умрени во второто тримесечје
-

Мицкоски: Донесовме одлука за намалување на цените на училишниот прибор за да го олесниме товарот врз семејниот буџет
-

Жена пронајдена почината во стан во Скопје
-

16-годишно девојче нападнато од нејзиниот 28-годишен партнер
-

Шестмесечно бебе донесено починато во Поликлиниката Драчево
-

Забраната за движење во шумите продолжена до 30 септември
-

АХВ потврди мртов гавран со вирус на западнонилска треска во Ресен
-

51-годишна Србинка „летала“ со 168 км/ч на патот Демир Капија – Гевгелија, уапсена на Табановце
