Гвардиола не се откажува од титулата
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, не се откажува од титулата во Премиер Лигата. „Граѓаните“ дозволија изненадувачки пораз од 1:2 при нивната посета на Њукасл и сега разликата со Ливерпул може да се зголеми до 7 бода, ако тие го добијат вечерва својот натпревар против Лестер.
Сепак, шпанскиот стратег не се предава, бидејќи има уште многу натпревари до крајот на сезоната.
– Ако победи Ливерпул, разликата ќе стане многу поени, но се уште е јануари, а не април или мај. Се уште има многу натпревари да се одиграат. Ние нема да се предадеме. Ќе ни биде потешко сега, но знаеме дека имаме шанса и мораме да ги освоиме нашите натпревари. Кога заостанувате на табелата, немате право да губите поени, изјави Гвардиола по мечот.
Тој посочи дека неговиот тим направил грешки во вчерашниот натпревар и дека раниот гол воопшто не помогнал за конечна победа.
– Поведовме рано, но сепак, во текот на целиот меч, не можевме да го најдеме вистинскиот ритам за да ја наметнеме нашата волја над ривалот. Раниот гол не ни помогна особено. Кога не ги реализираш своите шанси, дуелот останува отворен, па им честитам на Њукасл, додаде Шпанецот.
Ново на Сител
-
Макрон: Путин не попушта, санкциите остануваат клучни
-
Амбасадата во Белград ја потврди информацијата за загинат македонски државјанин во сообраќајка
-
СДСМ реагира на најавата од владата
-
Истражна постапка против возачот на мотор кој го прегази Југослав Николовски
-
На граничните премини Богородица и Табановце се чека од 20 до 30 минути
-
Зеленски и Трамп се договорија за зајакнување на воздушната одбрана на Украина
-
Акцијата во која беа откриени шест килограми амфетамин е резултат на напорите на МВР во сузбивањето на трговијата со дрога, оцени Тошковски
-
МВР апелира граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки