Секоја вила морало да биде идентична, мини троспратен дворец, со две кули и готички украси. Ентериерот за секој купувач би можелд а се обликува по сопствен вкус.
Секоја вила има 324 квадрати, но речиси е „залепена“ со соседната идентична вила, што значи дека нема место за градина или зеленило, ниту пак за приватност.
Во центарот на „населбата“ требало да има класична градба со продавници, детска градинка, турска бања, кино и спортски сали. Предвидени се и спортски терени и аква парк во комплексот.
Пред банкротот изградени се 587 вили, а дел од преостанатите изведувачи и инвеститори се надеваат дека изградбата ќе продолжи и ќе се изградат сите 732 вили. Дел е до крај завршен, дури и продаден, а голем дел е во различни фази на изградба. Иако долговите се натрупаа и пораснаа на 27 милиони долари, инвеститорот се надева дека сепак ќе се извлече.
Би требало да се продадат само 100 вили за да се отплати долгот, и дека оваа „криза“ би можела да се заврши за четири до пет месеци и повторно да се тргне со проектот годинава.