-->
-->
Јанакиески предизвика смеа во судот - На посетителот на Груевски му се обрати со зборовите: Јадеше гулаш, а?
-->

Обвинетиот екс министер, Миле Јанакиески, на почетокот од денешното рочиште за насилствата во Општина Центар се пошегува со обвинетиот во истиот предмет, Александар Трајковски, кој неодамна беше фотографиран со избеганиот екс премиер, Никола Груевски, објави Фокус.
„Јадеше гулаш, а?”, му рече Јанакиески на Трајковски што предизвика смеа во чекалницата.
„Јадев бе, зошто да не јадам. Има, дана за мегдана”, му одговори Трајковски.
Против Трајковски беше покрената дисциплинска постапка во Царинската управа каде е вработен, по што тој беше прераспределен на друго работно место. Тој и уште едно лице вработено во Управата беа фотографирани во присуство на екс премиерот, Никола Груевски, во Будимпешта по што Царината отвори постапки за отуство од работа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица
-

Хуманитарен инклузивен турнир во пинг - понг во Кавадарци
-

Манасиевски: ВМРО-ДПМНЕ во вториот круг влегува како апсолутен фаворит, очекуваме огромна победа
-

МЗ: Во рамки на Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ ниту се гради, ниту се планира да се градат станбени градби
-

Русија ноќеска повторно го нападна Киев со балистички ракети
-

Лука Дончиќ испиша историска страница во НБА лигата
-

Анонимен донатор ја спасува привремено американската војска од блокада на платите
-

Промената на времето не е проблем за бизнисот, туку неусогласеноста на божиќните празници и недела неработен ден
