Најмногу снег на Маврово – 66 сантиметри
Снежната покривка во Македонија е највисока во Маврови Анови каде се измерени 66 сантиметри. Во Крушево има 27 сантиметри снег, 23 се измерени во Тополчани, 21 во Битола, 14 Попова Шапка и 11 сантиметри во Лазарополе и Пожаране.
Времето денес е сончево со мала до умерена облачност, попладне облачноста ќе се зголемува. Во ноќните часови во западните делови ќе има врежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -8 до 2 степена.
Под влијание на влажен и студен бран, утре и во четврток ќе има нови пообилни врнежи од снег, особено во западните делови. Насекаде ќе се формира нова снежна покривка од 10 до 30 см, а на планините позначителна, над 50 см.
Заради ниските температури ќе има појава на голомразица. Потоа следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури, а ќе има услови за појава на магла по котлините.
Ново на Сител
-
ЈОРСМ: Дадена наредба за обдукција на починатиот притвореник од Затвор Куманово
-
Адвокат почина во Граѓанскиот суд во Скопје
-
Повторно одложен судскиот процес за Пендиков
-
Тошковски во посета на оперативниот тим „Кафез“ и Регионалниот центар за гранични работи Север
-
Османи во Стразбур, на сесијата на Комитетот на Министри на Совет на Европа
-
На Фицо ќе му биде извршена уште една операција
-
Утре стабилизирање на времето, а од сабота повторно дожд и грмежи
-
Кривична пријава за три лица, лажно нуделе градежен материјал во Охрид и Струга