Македонија
7. January 2019 - 16:22

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ уверен во победата на претседателските избори

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се уште не открива кој до сега се има пријавено за партиски кандидат за шеф на државата на интерниот конкурс распишн недоамна. Вели дека потенцијаните имиња за претседателските избори ќе бидат објавени по 31 јануари кога завршува огласот.

Но, Мицкоски уште сега е убеден дека на партиската конвенција ќе се избере кандидат кој ќе победи на изборите на пролет бидејќи ќе ја има најдобрата изборна понуда.

Запрашан за тоа дали ќе соработува со албанските партии имајќи ја пред вид идејата за консензуален кандидат, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ тврди дека на претседателот на државата не треба да му се дава етнички контекст, но и дека има одлична соработка со повеќе албански партии.

Според досегашните информации, како најсериозен кандидат од ВМРО- ДПМНЕ се споменува пратеникот Владимир Ѓорчев. Тој извесно време веќе е со засилени партиски и јавни активности и постојано с еобраќа до јавноста.  Име кое се споменува во десничкарскиот табор е и поранешниот министер за финасии Трајко Славевски.

Кај власта пак, вицепремиерката Радила Шеќеринска пред три дена директно не ја отфрли идејата да биде кандидат за шеф на државата, но кажа дека својата енергија за насочува единствено кон уставните измени и евро-атланската интеграција.  Претходно и премиерот Зоран Заев неколку пати негираше дека има намера да се кандидира за татко на нацијата.

И покрај тоа имњата на Заев и Шеќеринска остануваат како најсериозни во таборот на власта. Тука се споменуваат и имињата на  министерот за надворешни работи Никола Димитров, а како консензуален кандидат на СДСМ и ДУИ се споменува вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.