-->
-->
Плата 1.800 евра: Германија има потреба шофери, автомеханичари,чистачи
-->

Во секторот трговија има најголема потреба од кадар. Платите за продавачите се движат околу 1800 евра. Барани се и возачи, возачи на виљушкари, автомеханичари чии плати се движат околу 14-15 евра од час. Посредници од областа на осигурувањето, магационери и сезонски работници заработуваат околу 16 евра од час. Платата за чистачи се движи до 1.800 евра.
Фармацевтската индустрија дава највисоки плати со просечни бруто примања од околу 70.000 евра годишно. На второ место се банките, а на третото индустријата за автомобили. Во машинската индустрија работниците земаат околу 65.000 евра бруто плата годишно.
Со оглед на тоа што побарувачката за работа токму во оваа држава е преголема ви нудиме комплетен водич како да се преселите и да најдете работа во Германија
Без лажни огласи со информации за плати со астрономски суми, овој водич ќе ви помогне доколку сте сериозни за вашето мигрирање во Германија.
Без разлика дали сеуште сте во Македонија или сте веќе во Германија, најдобриот начин да ја започнете вашата потрага по работно место е на Интернет. Огласи за вработување во Германија можете да разгледате на следниве веб страни:
Федералната агенција за вработување: Федералната агенција за вработување (Bundesamt für Arbeit, или скратено BA) е клучниот посредник помеѓу луѓето и фирмите во врска со сите прашања кои ги засегаат темите вработување и тренинзи за вработување. Главна задача на Федералната агенција за вработување е да им помогне на луѓето да најдат работа. Па така, најголемиот веб портал полн со огласи за вработување ѝ припаѓа токму на оваа агенција. На вебсајтот на Федералната агенција за вработување, можете да пребарувате по категории. Пребарувачот е достапен на германски, англиски и француски, но во моментов најмногу од огласите се напишани само на германски јазик.
Имате прашања во врска со потрагата по работа или работењето во Германија? Експертите од Центарот за миграциска поддршка (VWC) при Федералната агенција за вработување се тука да ви пружат помош на германски или на англиски: остварете разговор во живо ТУКА или обратете се на следната меил адреса make-it-in-germany(at)arbeitsagentur.de.
“Make it in Germany” огласи за работа: Тука, можете да направите таргетирани пребарувања и да дознаете во кои професии моментално има потреба од квалификуван кадар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведен возач во Битола, управувал возило со 104 км на час на место каде што е дозволено 50
-
Царинска управа: На ГП Стење фатен патник со златен накит вреден 346 илјади денари
-
Приведени тројца малолетници, одзеле пари од угостителски објект на подрачјето на Центар
-
Србија преговара со Русија за изградба на нуклеарна централа
-
Се забранува за пиење водата во Неготино поради присуство на мирис и вкус од непознато потекло во дел од улиците
-
Приведени две лица од Кочани, кај нив е пронајдена дрога, а судија на претходна постапка им определи мерка притвор
-
Приведени двајца германски државјани на ГП Табановце, во нивните возила најдена е дрога
-
По 300 години, „синиот змеј“ повторно забележан во Средоземното Море