-->
-->
Цеца призна дека ја исполнила најголемата желба на Аркан
-->

Цеца раскажала дека нејзиниот сопруг имал животна желба која се однесува на неа и дека таа по извесно време ја остварила, меѓутоа тој не дочекал да ужива во тоа.
Една година бев целосно повелечена од медиумите и тоа беше моја единствена одлука. Во октомври 2001 година го снимив албумот Деценија. Морав да се вратам во колосек! Знаев дека децата морам да ги изведам на прав пат. Дека морам да бидам посилна отколку што сум и да се борам како знам и умеам.Фала на Бога што ми дал талент. Јас пред Жељко имав кариера и и се посветив. На Маракана 2002 година имав концерт и тоа беше желба на Жељко. Додека беше жив тој постојано ми зборуваше: Мене животна желба ми е да ја наполниш Маракана. Ти мораш да ја наполниш. Јас му велев, дали ти знаеш колкава е Маркана?Таа е огромна, прима 100.000 луѓе- се присетила Цеца.
Жељко ме убедуваше: Знам, ама ти ќе ја наполниш Маракана! Јас потоа му зборував: Па како да ја наполнам?Жељко навистина долго ме убедуваше дека треба да закажам, концерт. Сепак на крај не доживеа да ужива во мојата музика на Маракана. Кога на крајот конечно требаше да одлучам да организирам концерт, се сетив дека тоа беше желба на Аркан. Во себе си реков: Е сега Жељко, нека ти биде, ќе пеам на Маракана – открила Цеца.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Серија земјотреси во подрачје на супервулкан во Италија
-
Во близина на граничниот премин Богородица пронајдени четири мигрантки, едната во бессознание
-
Украдени спомен бисти на Крсте Петков Мисирков и Ѓорѓија Пулевски и две бронзени бисти од гробиштата во Бутел
-
НБА: Мајкл Џордан стручен коментатор на Ен-Би-Си
-
На солунското пристаниште откриени речиси 58 килограми дрога
-
Вучиќ и Кошта на средба во Белград, разговарано за односите на Србија и ЕУ
-
Приведен 26 годишен велешанец, управувал возило со 2,07 промили во крвта и нападнал полициски службеник
-
Почина Владимир Бошковски, професор на Архитектонскиот факултет